индивидуален (прид.) - слобода (имн.)

Важно е да се забележи дека овие студенти не демонстрираат за “социјалистичка демократија“ или за „капиталистичка демократија“. Тие се за „индивидуална слобода“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Примарната функција на слободното општество во постдемократската ера е заштита на индивидуалната слобода од политичарите кои се обидуваат да ја ограничат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ако себе си се признаеме како функција од сите други луѓе а сите други како функции од нас тогаш „одговорноста“ ќе мора да ја заземе местоположбата што сега ја зазема „индивидуалната слобода“.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тоа се однесува на промена, не на структурите на моќ, не на тоа кој ја контролира полицијата, туку на индивидуалниот ум.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа е револуција на „главата“: настан на проширување на свесноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ова движење за индивидуална слобода е ново за човековата историја бидејќи не е засновано на географија, политика, класи, или религија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во кибернетичката ера, “демократијата” станува правило на мнозинската банда и непријател на индивидуалната слобода.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Демократијата фино функционира во прединдустриското, орално општество во кое мажите пешачат или јаваат на коњ до центарот на селото каде што разговараат за проблемите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Македонија може со ваков потез да реши огромен број од своите проблеми, како во сферата на индивидуалните слободи, космополитизацијата на масите, амортизирањето на пазарот од тешките дроги и криминалитетот, како и разните болести кои одат со нив (Сида, хепатитис, овердоуз, наркоманија) така и во сферите на економијата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)