Дури, ние (граѓаните на државата Terra Incognita што Дизниленд се вика) живееме на маргините на маргините, во фуснотите на фуснотите, ко најситни Матрјошки, со тој фантом на идентитет избушен ко фигура од цртан филм, низ чиј стомак се гледа така интересна перспектива и пејсажи.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Некогаш се гребеше на носталгија, поеднипати се трудеше да даде интересни перспективи за некои секојдневни прашања, друг пат во него ќе се исплукаше еден авторитарен систем, каков што, без претензии кон оригиналност, беше политичкиот систем на СФРЈ.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)