Од негова уста, тоа баш и не било комплимент.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Бидејќи е, како што е, постојано место на мелодрама, семејството практично налага да го гледаме од иронично гледиште.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но тој изнесувал битна политичка поента.
Хегел не зборувал за мелодрамата, туку за трагедијата – за Антигона од Софокле.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не е битно дали даденото семејство е она, твоето, од кое потекнуваш, дали е семејството што си си го избрал или ти е новосоздаденото геј- или лезбејско семејство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Токму таков ироничен однос кон машката власт, имплицирал Хегел, бил подлога на Антигониниот отпор кон законот и ѝ овозможил да си го оправда, без потреба да се повикува на никакво поопшто начело, пркосот кон државата.
Џуди Гарланд не е Антигона.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, да бил Хегел ноќта на закопот на Џуди Гарланд оној петок, на 27 јуни во 1969 година, меѓу кралиците што се насобрале пред гостилницата Стоунвол кога онаму полицијата правела рација, можеби ќе пеел друга песна – под претпоставка, се разбира, дека воопшто знаел да пее.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто она што го овозможува иронијата, во согласност со прагматиката на кампот, е можноста да се доживува театралноста на семејниот живот истовремено и како ужасна и како урнебесна, без притоа едната димензија на тие театралности да се асимилира во другата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Го нагласувал ироничниот однос на Антигона кон светот на машката моќ, однос типичен за жени што, рекол Хегел, ја искривоколчуваат универзалната цел на владеењето за лична цел преку сплетки.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А, впрочем, еден ироничен однос, т. е. односот кон драмата на гледач што е истовремено и внесен во неа и оттргнат од неа – во случајов, особениот однос на геј-гледачот кон женската мелодрама – може да биде најдобрата, можеби најдобрата возможна одбрана од задушната емоционална клаустрофобија на семејниот живот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)