искусен (прид.) - политичар (имн.)

Идн, како искусен политичар, бил наполно свесен дека на Балканот е "неизбежно да има директен судир на интересите", а во "догледно време и конфликт" во однос на нивното разграничување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според тоа, за него било сосема нормално дека ако Велика Британија има свој интерес на Балканот, тогаш и Русите го имаат истиот интерес, уште повеќе што тие, "на тие простори држат многу карти" во свои раце.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но Меклин, како искусен политичар, од разговорот со Тито сфатил дека сите прашања во однос на федерацијата биле решени меѓу Москва и Тито и дека само се подготвува јавното мислење за прифаќање на промените.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Заклучокот на Меклин бил дека треба да се почека и да се види дали донесеното решение за федерација подразбирало формирање балканска федерација или "само некое спојување со Бугарија во советската орбита".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)