Заради заштита од злоупотреби законскиот текст дефинира одредени однесувања и активности кои нема да се сметаат за вознемирување на работното место, а тоа се: (1) поединечните акти донесени од страна на работодавачот со кои се одлучува за права, обврски и одговорности од работен однос, против кои вработениот има право на заштита во постапка утврдена со закон; (2) лишување и оневозможување на остварување и користење на права утврдени со закон, колективен договор и договорот за вработување, чија заштита се остварува во постапка кај работодавачот и пред надлежен суд; (3) секое неоправдано правење на разлика при нееднакво постапување спрема вработениот по кој било основ на дискриминација, кое е забрането и во врска со кое се обезбедува заштита, согласно со закон и (4) повремени разлики во мислењата во врска со прашања и проблеми поврзани со вршењето на работите и работните задачи, освен ако истите немаат за цел да го повредат или намерно навредат вработениот (чл. 8). 77
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Му кажав дека јас и синовите сакаме да преземеме иницијатива, амбулантата каде што ти работеше да го носи твоето име (бидејќи, истата немаше име).
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)