Во истиот овој логор биле силувани 25 болни жени. Ги носеле на рендген.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Она што е чудно е тоа што истиот овој човек се наоѓа и пред и зад тезгата. Час е продавач, час купувач.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Дедот Јована уште утрото го собраа заптиите во Витолиште, а откако дојде комисија и направи „ќеш“, над отепаниот онбашија, Ташко и војникот, го отераа во Прилеп, a оттаму во Диар Бекир, откаде не се врати да ја види главата од сина си Бојка, кој падна од потерата на истиов овој мулазим и бег од Витолиште по двегодишно кумитување.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Подоцна истиот овој адвокат, лично или преку своите заменици (П.Трајковски и Д.Деспотовски), и го застапуваше Авдиќ за време на спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По новонастанатата ситуација која дојде неочекувано и со малициозна тенденција да му се напакости по секоја цена, Авдиќ се почувствува изманипулирано и оштетено и, за подготовка на тужба за иницирање судски спор, директно се обраќа кај адвокат од Скопје (А. Ребула) – затоа што немаше доверба во раководството на својот матичен синдикат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Фазлибеј ќе пукнеше од јад кога разбра дека се свампирил Толе Паша.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кога Земанек дојде, му го предаде саксофонот и куферот; тоа беше истиот овој куфер во кој сега е пронајден и романот, и дневникот на Јан Лудвик, како и тие неколку книги што Лудвик ги читал.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)