А јас, под таа иста вода, ќе ги следам мазните столбови на храмовите, студенилото што надоаѓа од длабочината и ја руши таканаречената моќ на говорот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Зад ова але е залепено алето од невестата Видуша кое го користи истиот ендек и истата вода што тече под нив.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Се капеме во истата вода.
„Курвите на ѓаволот“
од Елена Велјановска
(2013)
„Еднаш, уште пред години, крв беше паднала за таа иста вода“, рече тој колку што е можно поговорнички, „кога сопотскиот старешина, со помош на луѓе од Реснанскиот сарај, за рушвет, се обидел да ги сврти изворите кон нивниот синор. Тогаш, а камоли сега!“
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„Па ова е истата вода што предмалку ја истурив”, свикал кога ги наполнил садовите.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А можеби несреќникот само замижал пред незнаењето како што слепецот е спремен да ја прогласи за ден и опачината на денот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Двапати во една иста вода не стапнуваш!“ - вели Јана.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Реката си тече, двапати во иста вода не влегуваш... сè тече, сè се менува... Ѕвони... ѕвони!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Како река - ама никогаш не стапнуваш двапати во иста вода“ - помисли Влатко, кој во близина собираше пресечени гранчиња од пролетното кроење, всушност, чичко Темелко вршеше пролетна корекција.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
И уште еднаш си потврдуваше во потсвеста дека како што не може истата вода повторно да се врати на истото место, така беше невозможно и неговото враќање.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)