Го имаше тој поган поглед и додека се сврте кон масичката и за еден миг го опфати својот нож, чие што сечило проблеснуваше притаено на виделината, а не помисли ништо, ни додека почнаа да го чешкаат јаболкцата од прстите со онаа желба да го допре, да го дофати, тоа тивко живинче, што стоеше веднаш тука, а се чинеше како да е наеднаш многу оддалечено, недофатливо, беше еден ист впечаток како кога гледаш од опачината на двогледот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Го има истиот впечаток како пред немата игра на девојките кај северните варвари – во сè побрзо темпо, момчето ја искушува девојката, терајќи ја да го следи во изведувањето живи фигури, секоја потешка од претходната.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)