Таа ни се придружи во слушањето на радиото од кое продолжуваше истиот глас: – Млади и стари козари, мајки и деца, нашата непобедива партија се наоѓа пред уште еден непријател.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Јован и Вангел викаа во ист глас. Ние што бевме горе, веднаш се најдовме над дупката.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Го знам нивното маало, зашто навратував кај мајка му и носев алишта за теснења, поправки и поткусувања и како што ќе влезев во маалото ќе ме пречекаа исти гласови на две жени што везден се довикуваа: - Сара! - ќе викнеше едната - Што е Бела? - ќе прашаше другата.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Само не викај, не сакам Ребека да нè чуе. - И јас око не склопив.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
— Ами сега? — почнаа да се прашаат еден со друг.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но штом го одгрна вратничето и оттаму се слушна оној ист глас како од чаушот: — Теслим, бре ќерата! — и бабата се тргна назад, плашејќи се да не ја фати куршумот ако запукаат заптиите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но сите јазици од исти гласови сочинети се, и нема јазик кој од друг јазик се разликува за повеќе од дузина гласови, но нема јазик кој од други јазици се разликува само за дузина зборови.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- Што значи тоа? - прашуваат во ист глас детето и чавчето.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Но Бог имаше друг план за него и вечерта тој го слушна оној ист глас од пустината, глас што секогаш го слушаше низ вонземски шумови, глас што доаѓаше некаде надвор од телесниот свет, од длабочина и од висина истовремено, од центарот на постоењето, од внатрешното наместо од надворешното уво, строг и речиси суров во своите зборови.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
- Зошто своето воле не го помилува со нож, Онисифоре?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Веднаш потоа неколку слични или наполно исти гласови да ја повторат таа самоучка и во тој миг измислена молитва или трепетливо каење пред суровоста на искушенијата - Господи, не заборавај нѐ, - и часкум им се сторило дека врз нив паѓа млака светлост, чудотворен оклоп на нивните верувања.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тој секогаш ист глас на проклетиот Онисифор Проказник, ни покорен ни предизвикувачки, глас со една смисла - да се разбере што се зборува а не како се зборува, го слушал пред тоа во себе и точно со истото прашање.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ненадејно еден глас чудно издупчен од ветар и од уплав, и пак со дива вера во себе, брзо, побрзо отколку што може да се изговори, рекол - Господи, не заборавај нѐ!
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кралството живна. Луѓето толку се заморија од лагата, што само штом им дозволија, сите започнаа во ист глас да ја зборуваат вистината. Започнаа, а не можат.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Така одлучија министрите и ја објавија својата одлука пред народот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
- Сакам да ги видам двете парчиња од мојата душа, - се повторуваше со истиот глас.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Еден ист глас поставуваше и одговараше на прашањата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И пак истиот глас, сега повеќе за себе.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Со оној ист глас рече: - Верувај ми Леме, - рече тивко, како да ги кинеше зборовите од својата душа, - верувај ми, малечок, еден век мораш да останеш така на тоа место.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Имаа исти гласови - врел, рапав шепот и се договоруваа со недореченост, сепак се разбираа. „Сега“, шепна една од сенките. „Заврти и шибај.“
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И имаше ист глас кога го прашуваше: „Учен си, попе.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Затоа џуџињата се плашеа. Како да беа печатени во два примерока - имаа исти движења и исти гласови.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
На известувањето двете, речиси во ист глас, со кикотење му одговорија: „Ти си мачор чорбаџиски.“
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
- Кого го нема, без него се може! – одговараат во ист глас дедото и помладото внуче. (внучето продолжува да му го влече јазикот).
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Нив ги нема! Засекогаш! - А кога тоа? – прашуваат во ист глас дедото и помладото внуче.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
- Ајде! - викнаа во ист глас Бистра и Миле.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Потоа полека се спушти.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Мнозинството, како еден, во еден глас жубори, секој сака нешто во ист глас да каже, без мисла и без запирање дали е мудро на полпат да запре, смисол да има барем, во она што како трескот обичен, од себе го тресе така важен.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
- Врви - рече на албански истиот глас, сега веќе посмирен.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Циљка навали глава врз рамото на Јани и како во полусон непрестајно ѝ се премотуваат истите слики и ги слуша истите гласови и пцости...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Ниту едно ниту другото, ама скрнавење на црквата нема да има.... - рече со истиот глас и го помести шмајзерот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Врви! - заповеда истиот глас, сега мек и пријателски.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- истиот глас фрли команда.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Забрзај!!! - остро, врескливо заори истиот глас.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Непознат е зборот, како и мажот кој викна. - Строј се! - пак истиот глас, сега посилен и позаповеднички.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Тргнувај!!! -наредува истиот глас.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Забрзај!!! -истиот глас ја прекина мислата на Фимка и таа го спотерува коњот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Мајко... - пак го слуша истиот глас, ама овојпат сосемa тивок, многу молежлив и уште подалечен.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Јас многу уживам да се плашам и бев сигурна дека и Дена ќе ја голтне со задоволство секоја страшна шумска приказна, но во ист глас ми се вдадоа и мајка ми и тетка ми Ана, како стерео, што би рекол татко ми: - Разбра?! Немој да ти повторуваме!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Разбрав, си реков помирливо во себе, и уште си реков – овие поим немаат како се постапува со мали деца, а ми се прават многу умни.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)