Сеќавањето копаше по своето дно а сепак тоа беше прва престава со разбудувањето, тој настан виден во едно далечно детство, во овој ист град, сонлив и удавен во здодевност и замор.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
за писмата со топли поздрави до неговите родители што живееја на другиот крај на светот и за телефонските извинувања на моите родители во истиот град што не сме ги посетиле на сведен, оти, нели, пак тој морал да се задржи на работа, за левиот чевел од секој пар чевли што се купуваше за помалата ќерка, а кои тепаа на глуждот па требаше да се разлабават кај мајстор Младен, за молерите кои можеа да дојдат само ако е тој на пат оти, се знае, прават страшен неред во куќата и,
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Иако летово наполни четири сезони, ќерка ми уште е во шок од информацијата дека ти живееш во истиот град во којшто живее и нејзиниот идол Шиљо.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Режисерот наведува дека прадедо му бил од Штип. Прабаба му работела во конакот во истиот град.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ништо не му давало за право на ЦК да го смета Солун за исклучиво негово подрачје за дејствување и да им го оспорува правото на други, на гемиџиите, да се борат во ист град.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Се надевавме дека ќе ги презентираме во ист град истовремено.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Жална наива. Повторно смеа, повторно исти градови, на плеќи отрови се рушат, суша, патишта исти од кои поврат нема.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Среде Истанбул, седнати на седиштата број 45 и 46, стануваш свесен дека рамото ти го допира еден од Кавадарци, или барем 50 проценти со потекло од тиквешкиот крај, и додека го спушташ седиштето сфаќаш дека ако претераш со спуштањето ќе му легнеш во скут на уште еден од истиот град.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)