Предвидливо, гардистите ме фаќаат и по молскавично судење ме стрелаат во истиот двор, додека таа, од терасата на осмиот кат, со расеана насмевка ме набљудува како паѓам издупчен, а бескрвен, на скржавниот тревник...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Приказната што ви ја раскажав, ја чув од Менка, една од внуките на баба Ристосија која во себе крие мало црквиче што го соѕидала баба ѝ кога се родила, во истата куќа, во истиот двор кај што цутело цвеќето подабиче, кај што се извела змијата домашарка, куќната чуварка.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
- Не, исто е. Истиот двор, истиот ходник, само е поинаков распоредот на собите.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
За да го има Јован пред очи Толета по три четири дена му фати „квартира" во истиот двор.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И тие влегуваат низ истиот двор.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)