Повеќе години по ред одевте во иста кафеана од којашто имавте убав поглед на улицата и тротоарот полн со минувачи.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Во една и иста кафеана секој ден се сретнувам со другарите и до пладне се потсетуваме на нашите млади времиња, умуваме за тоа кој каква глупост вчера истреска на телевизија, па дома на ручек и потоа дремка со весникот во скутот и до доцна во ноќта се караш со оние од екранот на кои им се чини дека светот почнува од нив. Лигавење до немај каде.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)