Бевме точни и меѓусебно си ги раскажавме филмовите, работите, ги утврдивме делумните идеолошки разлики, таа и понатаму ме прифаќаше како чудесно да ѝ е доволна таа сегашност без причини, без прашалници; речиси не ни забележуваше дека секој будала би помислил за неа дека е лесна или глупава, чудејќи се дури што не се обидувам на истата клупа во кафулето, што на потегот од улицата Фроадво не ѝ ја префрлувам раката преку рамото во тоа прво движење на интимност, што, иако знам дека е сама - помладата сестра најчесто не е во станот на четвртиот кат - не барам да се качувам горе.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Иако целиот училишен период го минавме седејќи во иста клупа.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Подоцна се дозна дека Едо не сакал да оди на училиште затоа што учителката, веројатно бидејќи така мило дете или кој знае што, го ставила да седи во иста клупа со некое девојче.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
- Тато, знаеш што ми кажа Бранка денеска? (Бранка со очила, уште помалечка, седеше во иста клупа со Борјан) Ми кажа, замисли, дека ако северниот и јужниот пол се стопат за само два сантиметри, Велес ќе стане пристаниште.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Седеа на иста клупа, меѓу нив е главурдакот јавач и бардакот со вино и двете чаши. Попот имаше нешто позасилена брада и творечко неспокојство во очите.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Таа само еден кат подолу.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Заедно одевме на училиште, седевме во иста клупа и живеевме во иста зграда.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Четири години во училиштето седевме во иста клупа. Ве молам... Многу ве молам...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Со Евтим седиме на иста клупа, на последната.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Тодор Малинов со кого седевме во иста клупа беше од Баница, во класот на Василаки и на Јоше имаше и уште еден од Баница, Лефтер Лаевски.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Значи, така. Тоа беше неговиот најдобар другар, со кој седеа заедно во иста клупа низ сите класови на гимназијата, си одеа дома еден со друг и пишуваа заедно домашни задачи, со кој си ги делеа подеднакво и книгите, и симпатиите и идеалите, како да беа побратими со измешана крв од жилите на зглобовите.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Сигурно не мислел дека и во трето одделение ќе седи во истата клупа! - дофрли некој.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)