Или постојат како непостоечки аморфни маси на локално „надркано” дејствување во кружокот на импотентни крвопијци со привремен наслов „некои”.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Со празен автомобил, релаксирано се спуштам по „Водњанска“ до „ЖАС“, кај „Пиварница“, да ја соберам робата од камионот што збирно царини и, ако немам закажано на доктор со моиве пензионери, а ретко немам, одам во дуќан да се провртам и повторно да го свртам истиот круг и да си ја соберам фамилијата.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Неговите мисли постојано се вртеа во ист круг, како расипана плоча.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сѐ е тоа иста магија. Ист круг.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Лично верувам дека со својот критички однос кон состојбите опишани во неговиот Календар за годините што поминале, како и со своите актуелни колумни, Трајче Кацаров ќе помогне во создавањето нови и здрави критериуми за проценување на состојбите во уметноста кај нас, иако сум совршено свесна дека сите заедно сме длабоко заглибени во истиот круг на тешко премостливи и речиси непроменливи вредности.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Заклучувајќи дека касметот има универзално значење, дека дури и самото создавање претставува обликување на судбината, Камилски предложи и овој збор да им се придружи на претходните од истиот круг (инаетот, севапот, атерот, аирот), чинејќи посебна целина и означувајќи постојано присуство во балканскиот менталитет.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Нели, се исчудувавме над тој факт: каков им е животот на добичињата што не знаат за ништо друго освен за она одење во ист круг и тегнењето на гредата што ја движи пресата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Татко и Камилски, со текот на работата, ја менуваа првичната замисла строго да се задржуваат на опасните турцизми за конечно обликување на листата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)