Тие не прозбореа повеќе и, онолку колку што беше можно за двајца што седат еден спроти друг, на една иста маса, не се гледаа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Трубачот гледа вџашено. Не ги забележува подбивните усмевки кај другите од истата маса.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Постоеше средба, музика, првите зборови, неколку испиени чаши... како и секогаш кога некоја привлечна девојка ќе седне на истата маса во преполното кафуле.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Они живее иста куќа, јаде иста маса, спие ист кревет, и он старо куче, он не збори ни збор нејзе.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Нарушената безбедносна состојба бездруго ќе ги „седне“ него и неговите најлути противници во иста влада, а набргу потоа и на иста маса со албанските партии и со „олеснувачите“ на дијалогот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Но знаеше наеднаш да се чуе и громогласна смеа од истата маса.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Оној ден, кога неговите родители му рекоа дека не сакаат да седат на иста маса, да јадат со неа, тој сфати колку е сè безнадежно.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Подоцна Хелвиг ѝ беше оставил писмо на истата маса.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Штом ја догледуваш на истата маса, без да те интересира нејзиното друштво, прашуваш дали е слободно, а истовремено си потврдуваш дека е, прибираш празен стол и седнуваш токму до неа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Неколкупати одиш во театарот, не на претстава ами во бифето, додека еднаш не ја начекаш - седната на истата маса, но во друго друштво.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Еве што ми остана во паметењето: оној ден додека ја отворав вратата за да си заминам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Роман Гигов Грофот седеше зад истата маса како оној ден кога ја напуштав канцеларијата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А ако мора да седнете на иста маса да јадете од ист леб, од иста чинија, тогаш тоа ќе го правиш внимателно, со такт, а сè во зависност од степенот на досегнатата мудрост.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Повеќепати ги имаше видено на иста маса со руменото Розе.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)