А кога ѝ рече на Нешка — „Ајде, ајде и ти барај ерген" — таа не ѝ остана должна, ами ѝ врати со истата мера и подбишега: — Е, чекај, стрино, да а видиме Ѓуца твоа, па после ние.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во онаа мера во која таа „средна” и „помлада” генерација е урбанизирана, во истата мера е можно општеството да се извлече од октоподските пипала на народњаштвото, коешто секогаш е фундаментално (и тоа на еден најопасен, приземен и силеџиско нивелирачки начин).
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Накусо: постмодернистичкиот уметник е ‘двоен агент’ - ‘во иста мера близок како до светот на технологијата така и до царството на чудата’.”
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Затоа на шегобијните досетки на Томо одговараше со иста мера.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
-Томо ја бакна Рада со истиот оној младешки жар од пред дваесет и шест години, на што Рада му возврати со иста мера, по што следеше прстенувањето.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Можете да замислите каков проблем беше тоа.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Грејнџер не возвраќа со иста мера, зар не?
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Тие одраснаа обожувајќи ги Miro, Picasso и Pollock во иста мера.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Екстатичното обожавање на дивите од светот на операта или од светот на популарната музика можеби не е баш најбуч-работа, но тоа не значи дека е женствено – во смисла на тоа дека жените како група голтаат изведби на Марија Калас или на Џуди Гарланд во иста мера во која ги голта Руфус Вејнрајт или дека се јатат на опери како што се јатат околу тезгите со шминка или дека собираат спотови од Шер или од Мадона од страв да не ги сметаат за неженствени.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, не сѐ што не се квалификува како вистински мажествено, според крутите општествени критериуми чија цел е да ја чуваат чистотата на таа ретка и скапоцена суштина, мора да биде женствено.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Општествените практики што не се кодирани како конвенционално машки – како што е уредувањето цвеќиња или танцувањето – бргу и необмислено се кодираат од нашите општества и од нас како женствени (иако деталите може да варираат од едно до друго општество: на пример, пекарството се кодира како женствено во САД, а како мажествено во Франција).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кога страсната заинтересираност на некој маж за конзервација на историски предмети или за реставрација на дела од некој период се доживува како знак дека тој го има „психолошкиот карактер на жените“ (да се послужам со формулацијата на Едвард Карпентер), тогаш општествениот јазик на родот набрзина се преведува како природна стварност на полот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И обајцата го имаа изразито чувството и радоста и тагата, несреќата да ја примаат со иста мера.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Со првиот зрак на свеста во расонетите очи, ќе му ја удри од глава да му ја расцепи (не краставицата, туку главата) и нема да се смири додека не му врати барем со иста мера, како да се на јадец.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Р тагуваше затоа што не можеше да ѝ врати со иста мера: поради енормно густите влакна од носот не можеше да исчепка ништо.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Тие во иста мера се невозможни, бидејќи она што е доведено во прашање е самото место на субјектот.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
И за болката и за среќата како да имаат иста мера на воздржаност.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Страната на убавите уметности, убавите манири, убавата литература, е страна на посилниот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во нашата земја на естетократија - не знам што се случува на други места, несомнено истата работа, но, убеден сум, не во истата мера - сѐ што се гордее со тоа дека му припаѓа на владеачкиот сталеж се повикува, пред сѐ, на добриот вкус, елементи на самосвест 5 на убавиот говор, на убавото пишување. Margina #32-33 [1996] | okno.mk МАРГИНА
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)