И околу немоќниот Тито, неговите последни генерациски пријатели кои беа делови на механизмот на владеење, како да ја гледав истата игра, истата немоќ и лажни илузии, да се спасат деловите на земјата, а да се изгуби целината, остварените вредности, понекогаш и по жестоки цени.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Татко ја споделуваше истата немоќ на младиот Фаик Коница пред немоќта во толкувањето на одделни аспекти на феноменот на јазикот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)