На крајот на веста беше цитирана кусата изјава на другарот Едо Бранов, бивш Претседател во истата организација, а сега советник, кој велеше дека претседателот, другарот Граматниковски бил „примерен претседател“, „политички подобен“ и личност со „извонредна смисла за меѓучовечки односи“.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Решението за ревитализација на јавната сфера, според Хабермас, би опфатило „отпочнување на критички процес на јавна комуникација преку истите организации кои посредуваат со него“. 101 Сепак, „Структурната трансформација на јавната сфера“ не дава специфични предлози како да се постигне ова.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Вујошевиќ има склучено договор за вработување на неопределено време и, пред да настане конкретниот спор, таа веќе имаше остварено работен стаж од 17 години во истата организација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Наместо сфера на индивидуална партиципација, рационален дискурс и јавна дебата, постои спектаклот со својот посредуван, обликуван и ограничен јавен дискурс раководен од страна на корпорациите.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Странките се господари на спорот [и тие можат да се договараат за спорните работи или, пак, да ги повлекуваат своите барања] (Paul. – Sent. 1,1,5) Работничката Мимоза Вујошевиќ од Скопје (сега 57-годишна) беше во редовен работен однос во Градската синдикална организација Регионален совет – Скопје, а од 1998 година таа се води како вработена во Сојузот на синдикатите на Македонија – бидејќи ССМ, кадешто има околу 70-на вработени, по трансформацијата е правен следбеник на поранешната ГСО – која, пак, се смета за негов конститутивен организациски дел.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)