Лежеше секогаш во иста положба: на грб, круто.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Исто така, од помош може да биде заземање на иста положба на телото, јачина на гласот или брзина на зборувањето.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Се одигрува во собата од првиот чин и при истата положба, со исклучок што софрата е дигната.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Најмногу сакаше по цела ноќ да лежи во кадата осветлена со свеќи и да компонира песни за својот следен албум Marble Index и, кога Фред ќе се вратеше од Макс, што никогаш не се случуваше пред четири наутро, ќе ја најдеше во истата положба.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Во иста положба продолжува да клечи уште неколку минути.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Изведувачот ја менува позицијата.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
4. Сетики знаете дека има разни коали Има коали чауши и обични мали гладни коали Има коали со здрвени вратови Од сонување саде во една иста положба Има коали кои не гледаат ни централни ни споредни вести И ич бутур не им е заради тоа Коалата не е коала ако не грицка лисје од еукалиптус
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Тој не се обрати до Трудовата инспекција затоа што тоа е државен орган во состав на МТСП, а исто така и АД „Охис“ е во државна сопственост – така што Величковски вели дека и доколку евентуално би се обратил, тоа би била ситуација во која „кадија те тужи, кадија те суди“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На почетокот негова, како и на на останатите негови колеги кои беа во иста положба, беше идејата да се покрене тужба преку правната служба на матичната синдикална организација на „Филком“, но оваа идеја подоцна се изјалови.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Сѐ уште бакнувајќи се, му го искинав сплесканиот, исушен омот и тогаш тој ми отскокна низ прстите како федер од часовник и падна во песокта меѓу нашите нозе. Ми се тресеа рацете.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Со купаќи околу зглобовите, претавме како пливачи за да си ги ослободиме нозете, скоро како да очекувавме плимата да не облие исто како Берт Ланкастер и Дебора Кар во нивната славна љубовна сцена на плажата во филмот „Од овде до вечноста“ - сцена која е толку славна што иако ниту еден од нас го немаше видено филмот, нашите тела ја заземаа истата положба како филмските ѕвезди на песокта и ти нежно ми шепотеше, „Се плашам да не останам трудна,“ а јас тивко ти одговарав, „Не грижи се, имам заштита,“ и продолжувајќи да те бакнувам, ги напипав соблечените кратки пантолони и паричникот во кој со месеци го носев Вулканот како да беше амајлија.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во паника грабав по песокта, го најдов Вулканот, се обидов да го исчистам па да го навлечам без да ја нарушам атмосферата (Берт Ланкастер немаше ваков проблем) и ги почувствував зрнцата песок во него, па удар на молња, и Големото Езеро во позадината се претвори во Тихиот Океан; кожата ти имаше вкус на сол и на настојчивото прашање на моите колкови твоето тело одговори “да”, твоите бутини се отворија како крила од мојата половина додека задишани испливувавме од бакнежот по кој ти молеше Ох, боже, да. . ; да, звучеше остро како крик од болка така што за миг си помислив дека ние веќе го правевме она и дека некако сум го пропуштил моментот кога сум навлегол во тебе, кога сум навлегол на бескрвниот начин на којшто еден млад маж ја отфрла својата невиност, сум навлегол како да поминувам низ портата што води кон остатокот на мојот живот онаков каков што јас сакав тој да се живее, да, но; О, тогаш увидов дека сѐ уште неповрзани претавме во калта и дека имаше песок во Вулканот додека се судиравме сѐ уште посегнувајќи кон совршениот склоп, сѐ уште Овде грабајќи по Вечноста која што ни беше оддалечена само за мало нагодување, само еден милиметар на лево или делче од инча на југ, иако со сето тоа нагодување песокливиот Вулкан се лизгаше и испадна, но ти повторуваше да иако главата ти климаше не-не-сосем-речиси и срцата ни чукаа како луди и ти рече да ДА чекај ... Margina #32-33 [1996] | okno.mk 179
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)