Сивевица се израдува, и се исплаши.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ги внесе врзмите во племната и ја скри торбата во ланската слама, но му се виде несигурно, та преку ноќта зеде копачка и една латвица, та, потемница, ги претури од торбата во латвицата и ја закопа длабоко во истиот ќош. Не заборави да задржи и кладе во ќесето десетина парчиња.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сега беше останата сама, во истиот ќош, во очекување на некој од нас, да ѝ ја дополниме илузијата за нашето присуство кое сè повеќе се разретчуваше.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)