Вистинските мажи не поттрчнуваат.
Ироничната преупотреба на мелодрамата кај О’Хара не ги оспорува казнените судови на елитното општество против неугледниот поджанр, туку свесно ги усвојува.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Најпосле, тука е неговото речовито користење на зборот „поттрчнував“, со кој го опишува сопственото движење по улиците на Њујорк, а кој го довршува автопортретот на мажествена родова дисонантност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тој ведро прикажува низа афекти што се сфаќаат како будалести и патетични, кои истовремено го повикуваат општествениот презир и му пркосат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мажественоста на О’Хара дополнително ја поткопуваат и неговата запенета реакција околу тривијален настан од животот на женска филмска ѕвезда и неговото заземање став на средношколска возбуденост и похотливост во пресрет на скандалозна глетка, како и заземањето посвечен уважителен однос што им прилега на обожавателките на Лана Тарнер.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)