Таа градба зад Меланхолијата е всушност нејзиниот живот, животот кој, како и да се живее, како и да се гради, ќе остане недограден, како попусто проживеан.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Меланхолијата е окружена со многу орудија и столарски и каменорезачки прибори, но сѐ е оставено во мирување – таа знае дека ништо нема да заврши, знае дека сѐ е попусто, попусто е дури и да ги направи сите нешта на овој свет - во сѐ е влезена бесмислата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)