Ова полномошно подоцна е дополнето со зборовите дека „работниците, сопственици на акции, му ги поклонуваат, односно предаваат на владение своите акции на директорот“ – што, пак, претставува класичен пример на измама, како „кривично дело против имотот“, а која допрва треба судски да се разреши.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Барем една од приказните за стоунволските безредија вели дека она што ја подбудило толпата пред барот да даде отпор, она што ѝ ја потпалило јароста и што ги предизвикало безредијата, била глетката на туркањето на една дрег-кралица во полициско комби, која, во ненадеен грч од бес, мавнала со чантичката еден полицаец.295 Целата историја на геј-ослободувањето, на геј-спорот и на геј-отпорот, тогаш, можеби директно ѝ е должник на Милдред Пирс – или, ако не баш на Милдред Пирс, тогаш барем на општествената форма и на емоционалното искуство за кои е и класичен пример и дефинитивен масовнокултурен израз: драмата на разјарената женска немоќ што наеднаш и секавично се преобразува во мигновена, вратоломна, небрежна, јаросна, неумолива моќ.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Возможни биле, всушност, такви мигови.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во секој случај, она со што си имаме работа во сцените од Милдред Пирс и од Најмила мамичке не е терористичката моќ на машкото заплашување и доминирање, туку моќ на жртвата која веќе нема да трпи и која се враќа триумфално, „ранета и доминантна“, да им се спротивстави на своите прогонители со сета силина на својата болка.294
Кога би можело задеваното и тормозено настрано дете, втерано онаму в ќош на игралиштето, или кога само би можел злоставуваниот љубовник, предаден и измалтретиран од дечкото, да ги смогне и да ги канализира таа праведничка, победоносна јарост, жестината и гламурот на Џоан Крафорд, можеби би нашол во себе смелост, сила и сигурност да го возврати ударот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Точните износи кои треба тужениот да ги плати беа утврдени по спроведеното вештачење од страна на вешто лице – економист (В. Богатиноска). * 258
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ваквото алтернативно толкување на когентни (ius cogens) и императивни норми со останатите законски субординирани прописи е класичен пример за противуставност и авторите на оваа студија сериозно размислуваат да го искористат своето уставно загарантирано право и поднесат претставка до Уставниот суд на РМ, како споменатите норми во иднина би можеле да биде касирани.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Тужениот „К. Ќучук“, кој ја изгуби парницата, беше должен на Љ. Х. да му ги исплати 11-те неисплатени плати [од февруари до декември 2008] – што e сума од 48.466 МКД (795 ЕУР) со казнена камата сметана од месец февруари 2009; и плус да уплати придонеси во ФПИО ПЕ Велес за 34 месеци [главно за периодот од 2006-2008] – што, пак, е сума од 109.549 МКД (1.795 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ова, делумно, е просто класичен пример на новинарско намигнување: претпоставката во написот дека „сите знаеме што значи тоа“ го ослободува од неопходноста да тврди дека тоа воопшто значи нешто.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)