Зашто, ако можело средносталешката семејна драма да се сведува на комедија, ако ги третирала буржоаските семејни несреќи како тривијални и смешни, таа едноставно ќе го унижувала и багателизирала буржоаскиот живот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А така не би се вклопила во целите за кои била замислена.
Ова – макар ризикувал и да излезе дека премногу поедноставувам – е родословот на мелодрамата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мелодрамата ги пресадила јунаштвата, борбите и патосот на класичната трагедија во релативно едноличниот свет на буржоаското постоење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Трагичната мудрост подразбира негово отфрлање.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Класичната трагедија честопати ја имало во понекое семејство – во кралско семејство, сигурно, но сепак во семејство – а мелодрамата можела да ѝ ги одржи жариштето кон семејството и сместеноста во рамките на домаќинството, на тој начин придавајќи им на општествените и на емоционалните ситуации од буржоаскиот домаќински живот нова смисла на величие, горливост и напон.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не затоа што, ако се откажеме од него, ќе се усреќиме, туку затоа што тоа што ќе одбиеме да си го компромитираме посакувањето на она, правото, нема да постигне ништо и уште повеќе ќе нѐ унесреќи и ќе нѐ јадоса: ќе предизвика губење на малкуте вредни нешта во светот што навистина ги поседуваме и ќе нѐ натера да ги уништиме токму битијата што ни се најдраги.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Мелодрамата им дала на средните сталежи доживување на возвишена драма што можеле да си ја викаат своја, што можеле да ја сфатат на свој начин и на свој јазик.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таква е, барем, визијата на класичната трагедија, онака како што по правило произлегува од јуначките судири меѓу мажите од различни поколенија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Да се третира неавтентичноста што му е вродена на секој општествен израз на чувство како нешто помалку од трагично, да се одбива да се види во неа нешто помалку возвишено од грепкање по границите на смртноста, значи да не ѝ се дадат нејзиното целосно човечко значење и нејзината целосна човечка тежина, да се одбива да се признае како она што трагедијата тврди дека е: имено, погубен знак за длабокиот и болен расцеп што машката кавга со небесата или со таткото го отвора во самиот поредок на човечкото значење – симптомот на егзистенцијална криза што ја доведува во опасност самата општественост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)