Ах, преку таа клета граница која ни го украде времето...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Само полифоните песни можеа да го поврзат со отсутните, а никогаш не се знаело, поради клетата граница, кои беа живи, а кои починати...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Откако ги кренаа тие клети граници, сѐ се кренало, и старо и младо, да бега од Албанија. Сигурно има и од нашата рода.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Јазиците на кои пишував, албанскиот и македонскиот, беа кодифицирани пред помалку од еден век, додека на француски јазик, речиси непроменето се пишуваше пет века.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)