Фрлање од високо не доаѓаше предвид, бидејќи од високо ѝ се вртеше, а би било глупаво, кога веќе свесно експериментира со сопствената смрт, во клучниот миг да ја фати несвестица.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Во клучните мигови од хрониката на нашето бегалско семејство, кога тоа сигурно беше очи в очи со самата смрт и кога само чудото го спасуваше, Мајка си го повторуваше постојаниот рефрен дека само Бог можел да ја прати да си ги спасува чедата.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)