клучен (прид.) - симбол (имн.)

Инаку, Чаршијава заживеа одново со Ликовната академија, на почетокот на осумдесетите, луѓето почнаа да излегуваат и навечер, но полецка прекинаа некаде 87-8-та, па после дојдоа фрките и денес бавно луѓето, пред сѐ младите, пак некако се враќаат во Чаршијава. А тоа што градов не вложува ништо во еден од своите клучни симболи, во својата „копча”, бидејќи она што Македонија е на Балканот, да речеме, тоа е Турската чаршија за Скопје, сврзно ткиво.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Една фасада да офарбаме, еден мост (клучен симбол на сиот, каков и да е, овдешен идентитет) да поправиме, 50 километри пруга да изградиме, да направиме улица, било што по ѓаволите! - не сме способни затоа што сме бедни и ситни малограѓани и профитери, без визија и концепт.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Клучните симболи на социјалистичкиот кич беа врзани за работа и прогрес (оттаму во иконографијата она мноштво железници, возови, рудници, патишта, фабрики, и скулптури на прегрнати работници и селани).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Клучните симболи на националистичкиот кич се врзани со националниот идентитет (оттаму во иконографијата она мноштво од грбови, витези, католички и православни крстови, скулптури на историски јунаци).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)