Во ниту еден случај, не можеш да наидеш на творец кој ќе каже, „Не сум добар поет како Конески, па наместо да ја тровам нацијата со лични творби, ќе ги учам неговите на памет и ќе ги декламирам во секакви пригоди“ Недстигот на таквата доблест, прави нашата книжевна средина да биде исчистена од авторитети.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Кога јас би бил во ситуација да бирам страна, што би рекол еден мој пријател книжевник, „Во нашата книжевна средина мора да избереш страна инаку ќе те нема!“, јас би ја избрал страната на Андриќ затоа што тивкоста, бавноста и шепотот, секогаш помагаат во кавгата да се вклучат оние што би требало да ја водат, оние чии оценки за тоа кој каков писател е, се најрелевантни, а тоа се читателите.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)