Немаме ниви, немаме овци. Компирот и она малку козјо сирење не ги делиме со никого.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Имаше донесено големи качиња со козјо сирење, па им го делеше на луѓето.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Камилски, восхитен од глетката, сакаше повторно да ѝ бакне рака на Мајка воодушевен од посланото разновидно мезе.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Судбината сите нѐ води диво на исто пороже. Но ние и со кус век сме создале закони на кои им се покоруваме нероптаво.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
За празниците, на секретарот на партијата и на градоначалникот, Чанга им испрати и по каче висококвалитетно козјо сирење.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Имаше чиниче со ајвар, чиниче со кавијар од модри патлиџани, чиниче со печени пиперки со лук и оцет, таратор, чиниче со потпечено козјо сирење, чиниче пинџур, со варени бамји во оцет и лук, чиниче варена боранија и динстувана во лук, чиниче со урда со црвен алев пипер.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)