Ми се стори дека перчињата коса врз неговото чело се од железо низ кое се проткајуват жилички сребро.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Оние што цереле со треви загнасени рани, косопас, очебол и секакви трески, веднаш знаеле од што е болен и молчеле отпрвин, и се пентареле по безживотен рид изморени од живот на кој не биле свикнати, и биле бришани од ветар.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Земи.“ Главата му беше како на кол што јас не можев да го видам од сплетените прачки на колскиот ѕид.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Од силното потскокнување по нерамноста на тој пат-непат тркалата се заканувале да се распаднат, помеѓу колските ѕидови од сплеткани прачки невозможно било да се седи или да се лежи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)