Поради тоа британскиот премиер Винстон Черчил побарал од Министерството за надворешни работи да се направи комплетен извештај за Македонија, а од СОЕ побарал да испрати свои членови и на самото место да се запознаат со ситуацијата во Македонија.82 Несомнено дека причината поради која Черчил толку многу се заинтересирал за она што се случува во Македонија лежела пред сé во можноста македонското прашање да му ги поремети неговите дотогашни планови за повоеното уредување на Балканот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)