Една од најголемите простории на најгорниот кат на Палацо Граси беше искористена за изложување на Дишановото „вализе“ и голем број оригинални слики репродуцирани во оваа комплицирана и прецизна збирка, обесена по ѕидовите што го опкружуваат експонатот.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Покрај „вализе-то“ на Марија Мартинс, многу други примероци од Дишановата луксузна едиција беа изложени на оваа изложба, вклучувајќи еден посветен на Кетрин Дрејер, и уште еден на чилеанскиот сликар Роберто Мата Ехаурен, кој заедно со Дрејер ја напиша првата книга за „Големото стакло“(12).
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Колку за илустрација на неговата комплицирана и незавидна здравствена состојба, пред операцијата, тој имаше толкави проблеми што не можеше ниту да оди повеќе од 50-тина метри – заради замор, болки и гушење.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Подоцна, по добивањето на спорот опишан подолу, Величковски целиот добиен износ на парични средства го дава за операција во специјализираната приватна болница „Филип Втори“ (кај д-р Жан Митрев), како и за понатамошно лекување и третман на проблемите со срцето – на пример, тој има реални месечни трошоци од 3.000 МКД за потребните лекови кои му се неопходни за нормален живот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Оваа излитена идеја (ide reue), ќе го оддалечи Балканот од европските лингвистички кругови, сметајќи го како недостапен, комплициран и неразбирлив...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Го сакав на еден особен начин, но, повторувам, таа љубов мене само ќе ми го уништеше животот, оти Јан Лудвик беше многу комплициран и конфликтен тип на човек.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)