комунистички (прид.) - банда (имн.)

Пред шест дена тие тргнаа во напад бодри, сигурни, најадени и напиени и додека не стигнаа на дофат на куршумот, се корнеа од смеа, раскажувајќи си шеги на сметка на грчките бандити и славомакедонските комунистички банди.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Нашата војска е толку силна што постојано ги сотира тие комунистички банди, на кои им дојде веќе крајот ...“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А уште колку ќе биде дадено до конечното истребување на славо-комунистите и комунистичките банди како што има запишано во својот извештај генералот Ван Флит, кој е главен американски советник на режимот во Грција?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)