Но и обајцата беа свесни дека уште многу копја, односно пера, ќе се кршат во иднина за одредување на неговото место во историјата на народите на Балканот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И за овој збор Татко и Камилски немаа конечен став со какво објаснување ќе го задржат како опасен османизам, макар што и обајцата имаа уште многу pro и contra аргументи за останување или конечно исфрлување од нивниот речник на излитени зборови идеи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко не можеше точно да го утврди конечниот став на Камилски, час бранеше една, час друга позиција!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
По малку тој замислено рече: Кога те слушам, почитуван пријателе, ми се наложува мислата дека балканските народи, во чии јазици се вкорениле ориентализмите кои тешко може да се откорнат можеби се во суштина многу поблиски до османската цивилизација и нејзиното време отколку што би сакале да бидат!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се разбира, Партијата што ја споменавте, треба да има свој конечен став по тие прашања.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Немаа и обајцата конечен став какво место ќе заземе овој поим во нивната листа на (без)опасни османизми.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)