Но уметноста којашто еднаш рефлектирала и пасивно претставувала апстрактни конвенции и примероци на знаење, сега активно и дословно претставува отелотворување на психичките рани, урбаната лудница и милитаризираната свест во кризата на јадрото на крајната култура.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Масовното меѓународно појавување на психичката вкочанетост се појави како резултат од постојаната глобална закана од технолошка, еколошка или психолошка катастрофа.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Западните општества и нивните највлијателни естетски производи продолжуваат да го развиваат епистемолошкиот етос на деструкцијата.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Деструкциската уметност е етичка позиција составена од различни пракси и која го истражува окружувањето на крајната култура.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ги воведувам фразите „крајна култура“ и „деструкциска уметност“ како идентификациски направи, изуми; како термини што ги означуваат здружените простори во коишто општествените, естетските, политичките меѓуодноси и пракси работат во дослух врз прашањето на опстанокот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Според ставот, процесот и начинот на постапка, деструкциската уметност едновремено е реакционерна и чувствителна; тоа не е естетика, ниту метода, ниту техника.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Вториот дел трае околу 15 минути. Помошниците го означуваат крајот, а гледачите се присилени да се оддалечат. 56 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Kristine Stiles ПРАГ НА КОНТРОЛАТА destruction art and terminal culture (деструкциската уметност и крајната култура) „е.д.е.н“ „Ние го преживеавме ова доба“, пишува Херцог на Сол Белоу (Below) во едно од своите неиспратени писма.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Деструкциската уметност ја претставува таа криза на неподвижност преку акција, настани и/или објекти, рекапитулирајќи ги условите, ефектите и процесите на деструкција коишто интерферираат со преживувањето и коишто биле потиснати од страна на епистемологијата на крајната култура.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)