За време на тие прошетки господинот Призрак многу често размислува за огледала и за она што стои од другата страна на таа вселенска врвка, и што некако, со некого, го прави компле ментарен...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Како и да е, во тој замок-каде-и-да-е, една од забавите на исто така (како и господинот Сенка) непоимливо осамениот Призрак се бескрајните прошетки од скулптура до скулптура, од слика до слика, гледајќи го (осветлувајќи го!) сето она што, на некој начин, не може да биде тој самиот; т.е. доволно згуснат за да биде форма, доволно собрани тие честички светлина (од кои е составен господинот Призрак) за да биде целина, суштество, а не некој вид на вампир осуден на талкање меѓу мртви предмети.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)