крупен (прид.) - човек (имн.)

Под печката гореше оган... Висок и крупен човек, со поцрнето од чад лице, само редеше јаглен кокс под печката.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Редете кокс! Давајте сила! - заповеда црниот Ерменец.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
О'Брајан беше голем, крупен човек со дебел врат и со грубо, шеговито и брутално лице.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Крупен човек со несфатливо вешти покрети по име Фјодор влегува во продавница за износена облека.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
РАСПРОДАЖБА
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Крупниот човек налик на Џон Вејн ме погледна ненавидувачки, ми вели: - Се состануваат! Ловат!
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Еден крупен човек кој го крши своето тело преправајќи се дека е никој и ништо, кој знае како се нашол тука поради тоа што е близок пријател на некој од послугата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А крупниот човек ми вели некако како со половина уста така што одвај го разбирам што ми зборува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Од една маса отспротива се подзаврте и ја крена раката во која држеше расчадена цигара некој несмасно крупен човек, со месести образи, со одвај два прста место за челото помеѓу веѓите и косата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таксистот, пак, за чудо, осети потреба да продолжи: - Извинете, да не сте Вие од Куманово?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Повелете – му ја отвори предната врата на крупниот човек во сив, педантно испеглан костум. - Фала много.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ај одвези ме до Театар – откако седна, крупниот човек со патец на сред залижана коса, го заклопи големиот црн чадор и внимателно ја затвори вратата.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Врати во лер, па го отвори прозорецот од својата страна до четвртина: Да влезе малку свежина. Сопатникот, за чудо, ништо не му одговори.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Остана еден крупен човек, темен, со густи мустаќи, седнат на трактор, Некој до мене рече дека било голема среќа што се нашол трактор.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тој бил комита и многу храбар и крупен човек, каков што наводно бил и Скендербег, па затоа во четата што ја водел го нарекувале Скендер и отаму останало и презимето на мојата фамилија – Скендерови.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Беше голем, крупен човек со тркалезно лице и тажни очи кои со време, ми се чини дека стануваа уште потажни.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Бучен глас, крупен човек. Мартин го мразеше.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)