Но, откако квир-теоријата се институционализира, разбирливата неволност да се прифатат есенцијалистичките претпоставки за лезбијките и за геј-мажите се стврдна и стана автоматски самоодбранбен догматизам, порив од самата утроба предострожно да се пресретне и најмалото препознавање и признавање на какви било културни обрасци или практики што може да им бидат присушти на хомосексуалците.83
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ова воспоставување посебно е изразено во периодот од 16-иот век, со колонијалната експанзија што му овозможи на еден (западен) културен образец да им се наметне на другите (култури, народи, цивилизации) и да се обиде својот (западен) начин на гледање на работите да го прикаже како единствено вреден и единствено разумен начин на толкување на светот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)