Тендери фрчат, во мозок нѐ дупчат опортунисти во кабинет чучат полни кафани од утро до пладне студенти учат за курово здравје Има ли спас од поскапо парно редици долги во социјално и ако завршиш катастрофално скапо е дури и во погребално Избави нѐ Оче од банкари алчни себични луѓе и денови мачни избави нѐ веднаш од шалтерска стока до кога каматата Оче ќе скока?
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Тоа што си го знае напамет: - Стомниња, бардиња, грниња, уш, ќукш, ги тера магарињата, натоварени со посатки и само вика: стомниња, бардиња, грниња, купете за умрените, за погинатите, вели, за курово здравје гинеа, за ветер во магла, вели, ама мора нешто да ѝ имаме згрешено на мечката од Москва, стомниња, бардиња, грниња, мора да сме ѝ згрешиле, нѐ има секакви ’рчпали, вели, стомниња, бардиња, грниња, не ни е за џабе налутена мечката, вели, не нѐ гледа за ништо напоречки, вели, стомниња, бардиња, грниња, ни пушти шенци, чкрапји и тавтабици и сега чешај се, ако можеш да се досегнеш, стомнина, бардиња, грниња, вели, нѐ остави да нѐ делат ко варена тиква, ко чајчаре, една велка овему, една велка онему.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)