Тој постојано посакуваше на Едо да му го даде своето презиме Пашалески, но му стануваше незгодно зашто секогаш при тоа се присетуваше дека Дракче, за кого тој знаеше дека му е вистинскиот татко, беше мачен човек, болен од офтика и кутриот толку мачно загинал па така, за да не ја мати водата кога ѝ треба разбистрување, Едо остана да си биде Бранов.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Дури ни јас не ти бев најдобар пример бидејќи и самата сметав оти е доволно да клекнеш пред светата мајка од иконата и да ѝ ги раскажеш своите патила, а колку ќе може таа кутрата толку и ќе ти помогне.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)