• 2007: не е предвидено куќните помошници да бидат опфатени со Законот за безбедност и здравје при работа; • 2007: се укина еден ден од празнувањето на Денот на трудот и сега празникот се празнува само на 1 мај (Закон за празници на Република Македонија);
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Негативен аспект на законот претставува и одредбата според која овој закон не се однесува на куќните помошници.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Пред интервенцијата на Уставниот суд, Законот за безбедност и здравје при работа содржеше една дискриминаторска одредба според која одредбите на овој закон се однесуваше на сите дејности во приватниот и јавниот сектор, за сите лица осигурени од повреда на работното место или професионални болести според прописите за пензиско и инвалидско осигурување и сите лица кои се вклучени во работниот процес, но со одредбите не беа опфатени куќните помошнички.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
ѓ) договор за вработување на куќни помошници (чл. 53, ЗРО/05) – кај овој посебен тип договор, покрај тоа што во нашата држава се официјализира една средновековна феудална категорија – „слугувањето“, „главарењето“ или „закрепостеноста“, има уште два куриозитета: единствено кај него е оставена одредбата која предвидува негова заверка во Заводот за вработување, што очигледно е пропуст при редактирањето на законскиот текст; а, во овој случај, предвидена е и можноста обезбедувањето „сместување и исхрана на работникот, кај работодавачот, да претставува дел од платата“ – кој пак дел, во договорот, мора да биде изразен во пари!?;
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)