куќен (прид.) - притвор (имн.)

- Де, де, Радо! Па ти како да си во куќен притвор, а одењето на училиште ти доаѓа како шетање на затвореник во кругот на затворот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Три дена бевме во куќен притвор, јас и Саше, за казна.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ќе го пикнат у куќен притвор рече Спасе.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Претседателот на некој начин го стави во куќен притвор и му го лимитира уживањето во просторот на сопствениот дом.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)