Бидејќи без грб, Грдан си остана без работа - го поминуваше денот во читалната на библиотеката, ноќе како илегалец преспиваше во студентските бараки, а напати растоваруваше железнички вагони и товареше камиони на осмиот колосек за да дојде до некој денар за чкембе - чорба или ладен бурек.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)