Јуност – мал црно–бел телевизор што не фаќа ниеден канал. бакса – основен превод е кутија, додека кај Егејците има многу поширока примена. каса бира – 24 ладни пива (по 330ml) у картонска кутија. виик'л - возило со најмалку четири тркала.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Некогаш одамна во друго време, вели тој сега, беше тоа момче само во својата куќа на брегот, но не беше само во тоа дека било само таму: да речеме, се приближуваше голем ураган; крај на светот, можеби; капаците спуштени, сите подготовки за невремето направени, ништо повеќе не може да направи освен да чека да мине, можеби да испие едно ‘ладно пиво додека сѐ уште има ‘ладно за пиење и да си раскаже себе си во мракот пар приказни за парови: онаа, на пример, за младата сосетка подеднакво независна како што е тој, која во соседната куќа исто така го чека ураганот и нема друштво позанимливо од својот темносив чесапик ритривер.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)