Значи - бев религиозна? Ладната и монструозна предумисла, за жал, ме исклучуваше и од религијата, на начинот како таа се опишуваше во светите книги и списанија...
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Та каков е овој живот, празен и тажен, ладен и безвреден, како празен предмет врз мене лага блуе, се мразам, се презирам, што самата себе си се газам.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Ладен и прецизен поглед на магнетизирано ги привлече фамозните батерии: првин едната, потем втората на сосема различен крај врз купот неуреднина, заедно со расклопениот управувач.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)