Циљка прекина за миг, воздивна, па продолжи: - Тука дедо застануваше, ете вака се прекрстуваше и пак почнуваше вака, тивко да се моли: - Услиши ја, Господи правдата моја, прими ја молитвата мојa што не излегува од лажлива уста.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)