Утредента низ Латинскиот кварт, минувајќи преку мостот Мишел, близу Сена, во чија перспектива на двата брега се гледаа отворените кутии на букинистите, минуваше едно жолто камионче во кое беа книгите на Климент Камилски, а зад нив се движеше колата на Сотир Паскали со Климент Камилски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
LVII Татко и Климент Камилски по херојското соочување со сите речници во потрагата по ориентализмите во балканските јазици по којзнае којпат се соочуваа со невозможната мисија да допрат до сите заемки и конечно да ја состават наумената листа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Истата вечер, по давањето збор, не може да заспие од возбуда па излегува да се прошета низ парискиот латински кварт каде што влегува во едно бистро и сосема случајно го запознава младиот, сиромашен пејач Пол кој и самиот доаѓа од Америка и студира пеење во Париз.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
НИЗ „СЕН МИШЕЛ“ И „СЕН ЖЕРМЕН ДЕ ПРЕ“ МОЖЕБИ најинтересно и најпривлечно може да се мине ако се оди пеш во латинскиот кварт, на „Сен Мишел“, покрај Сорбона и Пантеон.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Климент Камилски продолжуваше да бележи во еден голем жолт нотес, донесен од последното патување од Париз, купен во големата книжарница во Латинскиот кварт пред мостот Сена, во којшто, како што му се довери на Татко ги запишуваше главните идеи, односно les ides generales коишто му недостигале хронично на Балканот, а тие обајцата биле на пат да ги најдат...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)