Покрај заемките од латинско потекло, Татко не ги изостави и покрактеристичните зборови преминати во балканските јазици преку турскиот јазик од францускиот и од италијанскиот јазик.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Задачата на поетите е тој национален гениј да го одбранат од суптилното продирање на странските идеи, да го прочистат јазикот заменувајќи ги германските зборови со латинско потекло со други, чисто германски изрази, да ја откопаат затрупаната ризница со народни песни и, на крајот, во својата поетска работа, да тргнат по примерот на фолклорот, таа состојба на свежина, невиност и совршенство каде што индивидуалитетот на народот е сѐ уште неосквернат со било какви допири и се манифестира со едногласие.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Но сега Татко, неочекувано за Камилски, продолжи: Покрај персиските и арапските зборови коишто Османската Империја ги распространи низ Балканот како претставник на источната цивилизација, треба да се истакне и местото на лексичките елементи од грчко и од латинско потекло ширени од Турците како наследници на византиската цивилизација.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)