Но јас овде бев дојден на клучна дипломатска средба со еден од легендарните личности на блискоисточната дипломатија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Опсесијата да ја совлада историјата во Картагина, во која се вкрстувале императори и цивилизации, имаше добиено грандиозни димензии, кои не беа далеку од владетелската гротеска.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Беше една од легендарните личности во која имаа доверба и Исток и Запад, и окупираните, и окупаторите. Беше човекот-надеж...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Овој фрагмент од книгата на Малро ми беше добро познат. Многупати го анализирав со студентите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во тоа е можеби и смислата на дипломатијата и причината за нејзиниот опстанок во епохата на апсолутните комуникации.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Меѓу моите пријателства кои блескаат со трајна светлина од дипломатските години кои ја потврдуваат на личен пример валидноста на формулата на Монтењ беше пријателството со една од легендарните личности на светската дипломатија амбасадорот Лакхдар Брахими, личниот пратеник на генералниот секретар на ООН Перез Де Куељар, потоа на Бутрос Бутрос Гали (негов близок пријател) во пресудната мировна мисија во Либан, специјалниот пратеник на генералниот секретар на ООН Кофи Анан во мировните мисии на Организацијата на обединетите нации во критичните времиња во Авганистан, Хаити, Јужна Африка, Либија, Ирак.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Пред мене беше човекот кој во својата богата личност ги помируваше сите противречности, а останувајќи секогаш тивок, близок, со лесна, ослободувачка насмевка.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Создавајќи ја својата лична епопеја тој ги извиши бистите на легендарните личности на историјата на Тунис: првин на Ханибал, картагинскиот генерал (247-183 пред н. е.), Југурта, кралот на Нумидија, непријател на Римјаните (160-104 пред н. е), Ибн Калдун, познатиот арапски филозоф и социолог, како и на Свети Августин, африкански свештеник (354-430).
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)