Ако контрастот е логичен, си реков
тогаш ќе направам писанието мое
да биде посветло
зашто се збива на север
таму кајшто изгревот доцни
а пак заодот поранува,
таму кајшто сѐ е помазано со благ како шира
леплив и збувнат
налик на долго воздржувана сперма
самрак.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Земјата блада
песот нејзин плиска пена
леплива и бледа ко долго помнење
меѓу студеното камено писмо
на вечните куќи
и нашата разбудена сладостраст
додека се губиме во шумата
обострано!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тромаво, скоро сонливо се огласи гитара; нејзините акорди беа лепливи и се плеткаа во мрежата на синиот чад.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Косата е леплива и долга. Тоа е главата на мојот другар. Margina #19-20 [1995] | okno.mk 69
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Издишуваат чемер, плукаат густа, леплива и пенлива плунка.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Нивниот воздух е леплив и влажен.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Сѐ -
за малку млеч и полен
за прополис и густо проѕирен
леплив и лизгав јантар
амброзија и жолт јаспис
за твојот балсам на бесмртноста
за твојот сладок прелив на младоста
за драмата на творењето
за смолата на детството - разлеаниот сируп
или
сакаш недвосмислено да кажам:
за мед, мелиса!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)